Нови цени на горивата: Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат
Објавено на 4 март, 2024 во 15:07
Бензините на полноќ поскапуваат за половина литар, а дизелот ќе поевтини за денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Така цената на ЕУРОСУПЕР-95 од утре ќе се продава по 83 денари по литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР-98 ќе изнесува 85 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ од утре ќе изнесува 77 денари по литар.
Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за половина денар и ќе се продава по 75,5 денари по литар.
Дума.мк