За нелегална сеча и превоз на дрва полицијата лиши од слобода маж од село Мелница, во општина Чашка
Објавено: 3 октомври, 2026, во 13:00 часот
Полициски службеници од Полициско одделение Чашка, вчера попладне, во 17:40 часот, во атар на село Голозинци, го лишиле од слобода С.А.(35) од село Мелница, општина Чашка затоа што управувал трактор натоварен со бесправно исечени дрва, немал возачка дозвола и откриле дополнителна количина на складирани огрени дрва.
„Кај место викано „Мелничка Река“ бил сопрен трактор „форд“ без регистарски ознаки со приколка, управуван од С.А., а сопатник бил 17-годишен малолетник од Мелница, натоварени со огревни дрва без жиг и боја и без соодветна документација. По пребарување на теренот каде била извршена нелегална сеча, била пронајдена дополнителна количина бесправно исечени дрва. Исто така, по извршени проверки било констатирано дека С.А. го управувал тракторот без да поседува возачка дозвола. По насоки од јавен обвинител тракторот и дрвата биле одземени и предадени на шумска полиција за понатамошна постапка. С.А. бил приведен во полициска станица и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


