Промовира книгата „Отскочна јамка“ на Витомир Долински на Фестивал на сатира „Џинот“, преставена и „Афоризми и анегдоти“ на Никола Мрдак

Објавено: 2 октомври, 2026, во 15:03 часот

„Вито е еден од најдобрите македонски афористичари, дома и пошироко на просторите на Балканот, кој што практикува пишување на концизните афоризми,  кратки, со мал број на зборови а кажува се што замислил.“ Со овие зборови, Атанас Крлевски вчера вечер го претстави својот колега Витомир Долински, авторот на книгата „Отскочна јамка“  чија промоција беше дел од вечерните случувања на третиот Фестивал на сатира „Џинот“.

Во Медиотека на Локална библиотека „Гоце Делчев“ пред почитувачите на сатирата и афоризмите, за Долински, беше речено дека е сестрана уметничка личност. Познатиот македонски новинар од Струга и регионот на МРТВ објавил две книги со поезија “Небо за нови богови“ и „Вистинијана“ како и една „Албанските историски фалсификати“ од жанрот историографска публицистика. Долински е автор и на книгите со афоризми „Крематориум за бесмрни“ и на „Плашила покрај патот“ (заедно со М Ѓоргиоски). Годинава од печат излезе неговата книга „Отскочна јамка“ и токму тоа е повод за промоција на Фестивалот на сатира „Џинот“ во Велес.

Долински е добитник на наградата за поезија „Јован Котески“ и на повеќе награди за афоризми, учесник е на речиси сите фестивали за афористика во Македонија  и на Балканот. Со избор од неговото творештво застапен е и во престижната Шојхерова антологија на современиот афоризам  во Москва, Русија.

Исто така, присутните имаа можност да присуствуваат и на преставување на книгата „Афоризми и анегдоти“ на Никола Мрдак, афористичар од Црна Гора. Мрдак е исто така познат афористичар во неговиот роден Никшиќ, во Црна Гора, во Србија и во Македонија. Тој е автор на две книги со афоризми „Паѓање во прави раце“ и „Афоризми и анегдоти“ како и на книга со поезија „Ѕвезди во коса“.  Мрдак има учествувано на бројни меѓународни фестивали на афористичари.

Финалето на првата вечер на третиот Фестивал на сатира „Џинот“ помина во срдечна атмосвера на интерактивен дијалог како со авторите така и помеѓу публиката. Вечерта со своите настапи ја збогатија етно музичарот Христијан Саздовски со изведбата на кемане на македонската народна песна „Сношти сакав да ти дојдам“ како и Лена и Сара од Балетско студио „Анабела“.

Фото: Христијан Саздовски

Фото: Лена Жабева

Фото: Сара

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.