Пријателски натпревар во Краљево на ветераните на ФК „Борец“ со ФК „Слога“, победија велешани со голот на Спасовски
Објавено: 28 септември, 2026, во 15:58 часот
Се дружат и играат пријателски натпревари фудбалските ветерани од Македонија и од Србија. Ветераните на „Борец“ од Велес викендов беа гости на Слога од Краљево. Поканата на велешани им стигна од поранешните првотимци на Борец, Жељко Недељковиќ и Миле Вулетиќ кои направија трансфери од краљевачка „Слога“ во 1994 година.
На стадионот во Краљево ветераните на Борец победија со голот на Жарко Спасовски. Реванш пријателски натпревар ќе се игра во Велес во декември, годинава.
Убавка Јаневска

