Свети Сава, понеделник, неработен ден за граѓаните од српската заедница
Објавено: 21 јануари, 2020, во 11:11 часот
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 27 јануари (понеделник), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република С. Македонија.
Од Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честитаат празникот Свети Сава.


