Во Неготино приведен бегалец од Скопје баран со потерница за издржување затворска казна
Објавено на 14 март, 2024 во 12:53
Триесет и осум годишниот Б.Р од Скопје бил приведен вчера утро, во 9:05 часот на улица „Гоце Делчев“ во Неготино од страна на полициски службеници од ОВР Неготино. Тој бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од две години за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје на издржување на казната.
Убавка Јаневска