Мечка нападнала и искасала прилепчанец кај село Оморани
Објавено на 9 април, 2024 во 13:41
Шеесет годишниот Ц.С. од село Дреновци, прилепско, вчера вечер во 21: 30 часот, бил примен во Општа болница Велес откако го нападнала мечка додека на планината Мукос, во атарот на село Оморани, напасувал крави. Мечката го нападнала и го искасала.
Прилепчанецот го спасиле неговите кучиња кои едвај успеале да ја избркаат мечката.
Ц.С бил пренесен во Општа болница Велес каде му била пружена медицинска помош.
Случајот бил пријавен во Полициска станица на СВР Велес.
Од ЈЗУ Општа болница Велес не успеавме да добиеме информација дали искасниот маж е во животно загрозувачка состојба, кај него се констатирани полесни телесни повреди или е пуштен на домашно лекување.
Убавка Јаневска