Денеска ветровито, со студено утро, од утре зголемување на дневните, а од вторник и на утринските температури
Објавено: 7 февруари, 2020, во 08:22 часот
Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец е прогнозата на УХМР за денеска.
Најниската утринска од -11 треба да биде измерена во Берово и во Маврово, а максималната дневна од 7 степени во Гевгелија и во Дојран.
Стабилно и претежно сончево време се очекува и во следните денови. Од утре ќе има благо покачување на дневните, а од вторник и на утринските температури.




