Бруно Марс нова дизни ѕвезда
Објавено на 7 февруари, 2020 во 19:21
Доколку го сакате вонсерискиот глас на Бурно Марс и неговата енергична појава, ќе се воодушевите од сознанието дека тој наското ќе глуми во мјузикл под палката на Дизниевото студио. Поп пејачот преку Инстаграм откри дека работи на голем проект, свирејќи ја на пијано познатата тема When You Wish Upon a Star, со која почнуваат филмовите на Дизни, додека пак во описот ги напишал нејзините стихови.
Според американските медиуми, за сега е познато дека Марс ќе биде продуцент и ѕвезда на претстојниот мјузикл, како и дека подготвува нов материјал во таа цел. Се уште не е познат насловот, ниту датумот.