На тераса во ресторан на езеро Младост две скопјанки се степале со маж и жена, едната употребила и спреј солзавец кон малолетно девојче
Објавено на 1 јули, 2024 во 12:02
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/07/e3.jpg)
Четириесет и четири годишната Х.Л и уште едно женско лице од една страна се степале со шеесет годишниот А.К и 38 годишната В.К.В на терата од угостителски објект на велешко езеро Младост. Физичката пресметка со која се нарушил јавниот ред и мир била пријавена во Сектор за внатрешни работи Велес вчера во 16:00 часот.
-Сите учесници во физичката пресметка се од Скопје. Според пријавеното, во пресметката
од страна на женското лице бил употребен и спреј ‘солзавец’ кон А.К. и неговата малолетна
ќерка., пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
По комплетно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)