Прим. др Дончо Дервишов: Внимавајте вашите деца да не дехидрираат, не им давајте брза и лесно расиплива храна на пеколните жештини (Видео)
Објавено на 10 јули, 2024 во 10:53
Дехидрирани поради пеколните жештини или со повраќање и со пролив како последица на брза и лесно расиплива храна се најчестите симптоми со кои се примаат деца од неколку месечна до осум годишна возраст на Детско одделение во Општа болница Велес. Прим. др Дончо Дервишов специјалист педијатар ги соопшти причините и даде совети за родителите како да се грижат да не се наруши здравјето на нивните деца во временски услови кога температурата во термометарот се искачува над 35 степени Целзиусови.
Прим. др Дервишов исто така советува како родителите треба да се однесуваат и на што особено да обрнат внимание додека со децата престојуваат на годишен одмор во летувалиштата.
Убавка Јаневска