Пожарот кај армикскиот полигон „Пепелиште“ повторно ќе се гаси со хеликоптер
Нема опасност и загрозување на населбите, објектите и инфрастуктурата од пожарот во реон на армискиот полигон „Пепелиште“ на 10 километарскиот „огнен фронт“. Според информациите од Центар за управување со кризи и утрово се дејствува врз пожарот за што е упатено барање за поддршка за целосно извидување на теренот од воздух од страна на МВР како и барање за извидување со дронови на граничка полиција и на „Фронтекс“.
-Конкретно, денеска, во раните утрински часови, се дејствува врз пожарот во реон на армискиот воен полигон „Пепелиште“ од страна на ТППЕ Неготино и Јавните комунални претпријатија од општината, а и со локална поддршка од месното население. Опасниот крак од пожарот на 10-километарскиот „огнен фронт“, што го ги загрозуваше селата Пепелиште и Војшанци вчера е изгаснат, така што повеќе не постои повеќе опасност од пожарот за двете села. При утринската координација на ТППЕ од Неготино, ЦУК и МВР е одлучено е хеликоптер на МВР, утрово, да дејствува на теренот каде што е пожарот во правец од село Војшанци кон сртот на планината Серта, за да не префрли пожарот кон Конечка Планина, објаснуваат од ЦУК.
На местото има густа вегетација од ниска шума, нискостеблеста иглолисна вегетација и висока трева.
-Дел од екипите на пожарникарите од ТППЕ и јавните комунални претпријатија од Неготино се концентрирани на поголемите жаришта од пожарот на планината Серта. Тие ПП екипи, заедно и со дел од мешаните, континуирано дејствуваат во тој предел за да го стават пожарот под целосна контрола. Целата операција на дејствување врз пожарот е задолжен да ја води командирот на ТППЕ и по негова проценка, дека има потреба од дополнителни ресурси за справување и гаснење на пожарот, преку градоначалникот на Општина Неготино, ќе ги побара од соседните општини, додаваат од ЦУК.
Армискиот хеликоптер „ми-17“ е планирано да се вклучи во гаснење на пожарот денеска околу 12.00 часот.
Дума.мк