На територија на Општина Чашка активни два пожари, гори мешана шума и ниска вегетација
Центар за управување со кризи соопшти дека на територија на Општина Чашка се уште се активни два пожари. Првиот пожар е кај село Габровник и село Мокрени кадешто гори мешана шума и ниска вегетација. Како што информираат од ЦУК таму линијата на огнот со повремени прекини и појаки жаришта е голема се до Мукос, над село Богомила. Вториот пожар е кај месноста Мукос којшто е префрлен од прилепска страна и кадешто годи ниска вегетација.
Инаку во текот на вчерашниот ден, на пожарот кај селата Габровник и Мокрени интервенираа и два хеликоптери додека од земја го гаснеле локалните пожарникари помогнати од 10 лица вработени во македонската армија како и тим на национални шуми. На лице место беше и директорот на ЦУК Стојанче Ангелов којшто во видео изјава ги дава деталите додека зад него се гледа чад од активниот пожар.
Од Министерство за внатрешни работи пак информираа дека во текот на вчерашниот ден двата хеликоптери исфрлиле над 85 тони вода врз пожарите кај двете села во општина Чашка, Мокрени и Гавровник како и кај село Селце.
– Хеликоптерот Бел 412 во 18 циклуси исфрли 27 тони вода, а хеликоптерот Ми 171 во 23 циклуси исфрли 57,5 тони вода, известуваат од МВР.
Стефани Манева