Бузалков го превзеде раководењето на Општа болница Велес
Објавено: 24 јули, 2024, во 15:47 часот
Новиот в.д. директор на ЈЗУ „Општа болница Велес“ Александар Бузалков и досегашниот в.д директор др Зоран Арсовски, специјалист хирург и ортопед денеска направија примопредавање на раководителската должност во велешката Општа Болница.
Новиот в.д директор Александар Бузалков е дипломиран економист и на ова раководно место доаѓа од функција Раководител на Одделение за сметководство во ЈКП Дервен. Претходно бил и директор на Спортската сала „Гемиџии“ како и на велешката како дел од Македонска пошта.
Во краток период Бузалков беше и член на Совет на Општина Велес.
Убавка Јаневска




