Oсумдесет и едно годишен маж возел на автопат кај Велес во спротивна насока, полицијата го лишила од слобода
Објавено: 20 април, 2026, во 13:07 часот
Возачот М.А (81) од Крива Паланка вчера попладне, во 17:30 часот, го управувал патничкото возило кое што го запреле полициски службеници на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата затоа што возел во спротивна насока на автопат.
-При сообраќајна контрола кај наплатна станица „Сопот“ на автопатот Скопје-Велес, било сопрено патничко возило „хјундаи“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, М.А (81) при што било констатирано дека се движел во спротивен правец на автопатот. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска



