Општина Чашка набави специјално возило за перење улици, чистење на септички јами како и чистење на атмосферски и фекални канализации

Објавено на 1 август, 2024 во 09:49

Специјално возило – камион за чистење на атмосферски и фекални канализации под висок притисок од 150 бари, за чистење на септички јами преку усисување и за перење на улици по населените места е набавено во Општина Чашка. Како што соопшти градоначалникот на локалната самоуправа Горан Стојановски, вчера, после 28 години од формирањето општината добила ваков вид на возило.

-Општина Чашка ќе продолжи и понатаму да набавува механизација преку која се модернизира и обновува возниот парк на ЈПКД Тополка , а воедно ќе се остварува и долгорочни заштеди во буџетот на општина Чашка, додава Стојанов.

Вредноста на камионот е 4.490.000 денари кои се средства обезбедени преку Бирото за регионален развој.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.