Савова Петрушева: Министерот Ристовски требаше да го посети и Детско игралиште под Ракометното за да го види сметот од метадон, игли и шприцови (видео)
Објавено: 21 септември, 2026, во 15:47 часот
Општинската организација на СДСМ Велес, денеска, реагираше на посетата на министерот за спорт Борко Ристовски на Велес и увидот направен на реконстукцијата на спортска сала „Гемиџии“. Оттаму сметаат дека освен за убавите работи, Ристовски, требало да биде запознат и за сметот од метадон, игли и шприцови кој го има под Ракометно игралиште поточно до Детско игралиште во Градски пак во Велес.
Пренесувајќи ја реакцијата на СДСМ, членот на Совет на Општина Велес, Мирјана Савова Петрушева побара количината на овој вид на смет веднаш да ја отстрани ЈКП „Дервен“ затоа што според донесена Програма за јавна чистота за 2026 година општината имала предвидено буџет од 16 милиони денари. Савова Петрушева, исто така, побара од општината да ја контролирала работата на комуналното претпријатие и додаде:
Убавка Јаневска


