Малолетник од Велес осомничен за „грабнување“ и во повеќе наврати “силување“ на малолетна скопјанка, додека двајца возрасни за тепање

Објавено на 1 август, 2024 во 16:07

СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против 17-годишник со привремено престојувалиште во Велес поради постоење на основи за сомнение за сторени две кривични дела „грабнување“, казниво по член 141 од Кривичниот законик и за  „полов напад и силување“, казниво по член 186 од Кривичниот законик

Кривична пријава заработија и К.Е.(39) и А.Е. (46-годишна), двајцата со привремено место на живеење во Велес, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело  „телесна повреда“, казниво по член 130 ст.2 од Кривичниот законик.

Во текот на месец мај, годинава, малолетникот против воља ја однел 17 годишната малолетничка од Скопје во својот дом во Велес , каде во текот на два месеци, во неколку наврати, имал сексуален однос со неа. Додека двајцата возрасни лица, К.Е. и А.Е., во неколку наврати физички ја нападнале.

Полицијата сите тројца ги лишила од слобода и по документирање на случајот, против нив поднесена е кривична пријава.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.