Денеска до 19 степени целзиусови, утре дожд и заладување

Објавено: 18 февруари, 2020, во 08:46 часот

vreme fin

Претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен северен ветер и со максимална температура до 19 степени, е прогнозата на УХМР за денеска.

Утре облачноста ќе се зголеми, а под влијание на влажен бран во текот на ноќта и в четврток ќе има врнежи од дожд, на планините од снег.

Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне.

Од петок пак ќе има стабилизација на времето, а сувата и блага зима продолжува и за викендот.

tabela fin

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.