Две малолетнички, по една во Кавадарци и во Велес, вчера исчезнале – полицијата трага по втората откако семејството првата ја пронашло
Во полицискиот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, евидентирани се два случаи поврзани со исчезнување на малолетнички во Кавадарци и во Велес. Семејството на првата ја пронашло и вратило дома додека по втората полицијата превзема мерки за пронаоѓање.
„На 11 август 2024, во 14:30 часот, во Полициската станица Кавадарци, 35 годишно лице од Кавадарци, пријавило дека претходната вечер, околу 23.00 часот, на Градски плоштад во Кавадарци, неговата 14 годишна ќерка се качила во патничко возило „фолксваген голф“, во кое биле неколку лица, за да ја превезат до домот, но лицето кое го управувало возилото не запрело пред домот, туку продолжило со движење. Вчера малолетничката била пронајдена и била вратена во домот. За настанот бил известен Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот,“
„На 11 август 2024 година, околу 20:30 часот, во СВР Велес, А.К. пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка Ј.З.(14). Според пријавеното, таа најверојатно заминала кај нејзиното момче во Струмица, каде што и претходно одела и била пронаоѓана. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.“ пишува во полицискиот билтен.