Починат српски државјанин пронајден во Демиркаписко
Објавено на 22 август, 2024 во 15:40
Телото на починатиот осумдесет и две годишен В.Д од Република Србија било пронајдено, вчера претпладне, околу 11:55 часот, во Демир Капија, во близина на река Вардар на место викано „Арсова Лака“.
Информација за пронаоѓањето била пријавена во Одделение за внатрешни работи Неготино.
– Лекар на Итна медицинска помош во Неготино констатирал смрт, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк