Уште еден велешанец пронајден мртов, овој пат во домот
Објавено: 9 септември, 2026, во 11:17 часот
Во Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес, вчера вечер, во 21:30 часот било пријавено дека во домот во Велес бил пронајден починат М.Т.(66) од Велес.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
За седум дена ова е втор случај во Велес на пронајден мртов маж. Првиот се случи на 3 септември кога беше пријавен мртов велешанец во автомобил, на улица.
Убавка Јаневска


