Паднал при излегување од автобус и се повредил возрасен маж во Велес
Осумдесет и девет годишниот велешанец П.К. вчера утро, во 8:10 часот, паднал при излегување од автобус на улица „АСНОМ“ во Велес, во близина на бензинска пумпа. Старецот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница во Велес.
-Пациентот е примен на Одделот за Ортопедија и трауматологија и направена е Радиодијагностика, поточно снимање на Компјутерски томограф. Резултатите покажале дека тој се здобил со фрактура на колк. П.К е задржан на понатамошно болничко лекување, соопшти портпаролката Марина Андова.
Незгодата се случила откако П.К се возел во автобус марка „мерцедес“ управуван од С.М.(42) од село Горно Оризари, велешко, кој застанал за да излезат патници.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Велес, додаде портпаролката Биљана Ѓаковска.
Дума.мк