Со натпревар помеѓу ветераните ФК „Горски“ оваа сабота ќе ги одбележи своите 102 години постоење

Објавено на 24 септември, 2024 во 10:18

На ракометното игралиште во градскиот парк ќе се одигра натпревар помеѓу ветераните на ФК „Горски“ со што ќе одбележат 102 години од постоење на клубот. По одбележувањето на 100 годишнината од формирањето на клубот во 2022 година, ветераните веќе трета година се собираат и играат фудбалски натпревар меѓу себе.

-Секоја година ветераните играат натпревар помеѓу себе а потоа сите заедно се дружат. Ова одбележување започнавме активно да го организираме после 100 годишнината од постоењето на клубот и ова во сабота ќе ни биде трета година по ред, рече Тони Тонев.

Натпреварот ќе се одржи оваа сабота, на 28 септември со почеток во 17:00 часот.

Инаку, ФК „Горски“ е формиран во 1921 година од група ентизијасти, поточно тоа е маалски клуб кој натпреварите во фудбал на почеток ги одигрувал помеѓу младинците од улиците крај влашката црква како и кај мовчето на поток „Дервен“, во тој дел на градот. Потоа низ годините клубот созревал и во него продефилирале голем број на играчи кои оставиле неизбришлив траг во спортскиот живот во градот но и во државата.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.