Издумани Крлевизми: „Биди тоа што си, за да можеш да станеш тоа што сакаш!“

Објавено на 1 ноември, 2024 во 12:47

Афоризмите на афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски денеска ги пренесуваме за читателите на Дума.мк. Од неговиот творечки опус издвоивме:

„Мојот живот? Афористичен роман!“

„Умот е единственото нешто на светот што се гледа и кога го немаш и кога го имаш“

    „Ми го урнаа угледот. Бил дива градба.“

    “Жалење за младоста: Стари, добри времиња.“

    „Теоријата е знаење без покритие.“

    „Жена ми ќе ми биде мое сонце ако знам од која страна изгрева.“

    „Боемот ужива во малите работи, а тоа не е мала работа!“

    „Внимателно со наивните! Убедуваат дека мирисот е попријатен од јадењето.“

    „Техника си е техника, ама тракторите почесто ги носиме на сервис отколку, некогаш, воловите на ветеринар.“

    „Ако бракот ви е судбина, помирете се со неа!“

    „Сите учат од мене. Јас сум енциклопедија за грешки.“

    „Страдам од несоница. Бев заспал на ловориките.“

    „Биди тоа што си, за да можеш да станеш тоа што сакаш!“

    „Животот ме остави во офсајд. Не ги следев правилата на игра.“

    „За да се воздигнеш до ЧОВЕК, слези меѓу луѓето!“

    Вашиот, Атанас Крлевски

      Сподели:

      Напиши коментар

      Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

      MIT License