Велешките пожарникари примија дојава за прв запален оџак, за среќа не интервенирале
Објавено на 4 ноември, 2024 во 10:23
Се запалил оџак, вчера попладне, во Велес на улица „Наце Димов“. Сопствениците на куќата веднаш побарале помош од пожарникарите на Територијалната Против Пожарна Единица Велес.
Двајца пожарникари со едно противпожарно возило излегле за да интервенираат. По пристигнување на лице место извршиле само контрола и утврдиле дека нема настанато штета.
Оваа дојава во Територијалната противпожарна единица Велес причина е за апелот до граѓаните, особено тие коишто ги затоплуваат домовите со огревно дрво, за редовно чистење на оџаците со цел да не се предизвика поголема катастрофа.
Убавка Јаневска