Долниот Дом во Шпанија го ратификуваше протоколот за НАТО, останува уште Сенатот

Објавено: 27 февруари, 2020, во 13:46 часот

spanija fin

Сенатот на Шпанија е последниот кој треба да даде зелено светло за земјава официјално да стане членка на НАТО, откако утрово Долниот дом во шпанскиот парламент со 279 гласа „за“ и еден „против“ го ратификуваше протоколот.

Веста на социјалните мрежи ја сподели министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој на шпански јазик се заблагодари за ратификацијата.

„Долниот дом во Мадрид, утрово го ратификуваше пристапниот НАТО протокол со 279 гласа ЗА и 1 глас против! Muchas Gracias! Следната и последна станица: Сенатот“, напиша Димитров.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.