Се зголемува бројот на деца со низок раст во Македонија, велешка Општа болница и ЗГ„Раст“ едуцираа здравствени работници за рано откривање (фото и видео)
Многу доцна, во Македонија, се дијагностицира заостанувањето во растот на децата. Праксата покажува дека родителите тоа го откриваат во 11 или 12 година кај децата. За ендокринолозите и ЗГ„Раст“ тоа е доцна фаза. Земајќи ги во предвид последните години и бројот на откриени случаи на деца кои имаат проблеми со овој вид на хормон ,од Велес, граѓанската организација „Раст“ и лекарите ендокринолози ја реобновија кампањата за јакнење на свеста за предизвиците со кои се соочуваат децата со низок раст.
-Министерството за труд и социјална политика повторно ни даде поддршка за продолжување на кампањата затоа што степенот на дијагностицирани деца со низок раст е висок. Тоа што сакам да го соопштам е дека ќе ги посетиме сите градови, во коишто, лекарите ендокринолози ќе одржат едукативни предавања со лекарите во јавните здравствени институции и со заинтересираните од приватните. За потребите на реализација на кампањата изработивме Прирачник и голем број на постери, на кои освен прикажаните деца во природна величина на краевите се наоѓа отпечатено метро што во детските амбуланти ќе може да се користи и за мерење на висината на детето додека се чека на преглед. Измерената бројка на висина добро е родителите да ја соопштат на лекарот за да може да побараат и совет дали и како детето расте. Да кажам дека во нашата држава имаме четири видови на хормон за раст и не е потребна грижа од страна на родителите, рече Александар Петковски претседател на ЗГ „Раст“.
Едукативното предавање „Рано предавање на пореметувањето на растот кај децата и навремен третман со хормон за раст“ во Велес го организираа ЈЗУ Општа болница Велес и ЗГ„Раст“. Едукацијата ја посетија здравствени работници на велешка болница и на ЈЗУ Здравствен дом, лекари, во поголем број педијатри и медицински сестри, како и преставници на основни и средни училишта во градот. Нив ги едуцираше Проф. др Марина Константинова Крстевска – спец. еднокринолог педијатар од Клиника за детски болести Скопје.
Постои и мобилна апликација за брза проценка на раст, која што освен родителите можат да ја симнат и лекарите, Водич за нарушување на раст за здравствените работници и доколку покажат интерес за родители коишто се сомневаат во растот на нивните деца. Кампањата, инаку е започната во 2013 година и како што погоре напишавме, се реобновува од денеска со настанот во Велес.
Убавка Јаневска