Општина Кавадарци го стартува 20-тиот инфраструктурен проект годинава – изградбата на нов мост на Луда Мара во село Марена
Објавено: 17 јуни, 2026, во 15:38 часот
Градежните работи на изградбата на мостот започнуваат деновиве, соопштија градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Совет на општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов на денешната посета на село Марена.

За реализација на изградбата на мостот освен од буџет на Општина Кавадарци ќе се користат и 12 милиони денари обезбедени финансиски средства од Министерството за транспорт.
-Ова е 20-ти инфраструктурен проект којшто се реализира годинава во Општина Кавадарци. Новиот мост на Луда Мара во ова населено место ќе располага со две коловозни ленти, два тротоари и е со вкупна ширина од 8,5 метри. Со овој проект се подобрува безбедноста и се унапредува патната инфраструктура во овој дел од општината, рече градоначалникот Јанчев за Дума.мк.

Во моментот сообраќајот по постоечкиот мост во Марена се одвива по една коловозна лента, поради што е воведен редуциран режим на сообраќај. Ова решение е избрано како привремено, до започнувањето на изградбата на новиот мост.
Според Јанчев, новиот мост ќе биде готов до крајот на месец октомври, годинава.
Убавка Јаневска


