Издумани Крлевизми: „Кога елитата греши, тоа се зицер грешки.“
Објавено на 29 ноември, 2024 во 11:56
Афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски денеска за читателите на Дума.мк објавува дел од своето творештво. Прочитајте ги.
„Во љубовта 2=1!“
„Кога ќе се замрсат конците, марионетите се во љубовна прегратка.“
„И од одливот на мозоци нешто добиваме – памeтна дијаспора.“
„Има тежок занает. Каменорезец е… на камена на сопнување.“
„Патот до современата жена е поплочен со кредитни картички.“
„На мое селфи и позадината се смее.“
„Умот е единствено нешто на овој свет што се гледа и кога го имаш и кога го немаш.“
„Кога елитата греши, тоа се зицер грешки.“
„Човек сум од доверба. Чувам дури и јавни тајни.“
„Владеев со себе… додека власта не ми удри во главата.“
Атанас Крлевски