Стота изведба на претставата “Синиот портокал“ на сцена на велешки Театар
Ликовите на д-р Коче, на д-р Роберт и на Ерџан, во кои голем број велешани и Македонци, започнаа секојдневно да се препознаваат откако ја проследија театарската претстава „Синиот портокал“ секако е голем успех на глумците Фаик Мефаиловски, Жарко Спасовски и Самоил Стојановски, Тие на сцената на велешки Театар, вчера вечер, ја одиграа 100 изведба на претставата пред голем број на публика.
Одбележувањето на јубилејното прикажување на сцената освен актерите повторно ги качи режисерот Александар Ивановски, сценографот Филип Коруновски инсципиентот Славиша Георгиев како и комплетниот состав на велешкиот театар “Јордан Хаџи Константинов – Џинот”.
Публиката презадоволна од театарската престава напиша бројни коментари на социјалните мрежи. Во еден, објавен на Фејсбук пишува:
„Има милион историски причини заради кои сум горд што сум велешанец. Денес, за жал можеби нема толку многу, но велешкиот театар е една огромна причина за гордост. Секако, огромно е и личното задоволство, што некои од чинителите, можам гордо да ги наречам и мои пријатели.“
Убавка Јаневска