Пренесен дел од богатото авторско искуство на текстописецот Неделковски и новинарката Алексоска Неделковска на велешки ученици (видео)
Објавено: 23 април, 2026, во 14:57 часот
“Ќе се снима филм, серија и квиз за таленти во чест на Тоше Проески“
Со напишаниот роман за тинејџери „Ловци на лажни вести од зграда број 39 “, награден на литературниот конкурс на Детски културен центар „Карпош“ во Скопје и последната издадена книга „Страо Скопје – Ново Скопје“, издадена минатата година, што ги содржи неговите три драми а меѓу нив и „Вила зора“ посветена на Велес, денеска, на Светскиот ден на книгата и авторското право Огнен Неделковски зборуваше пред претежно млада публика во ЛБ „Гоце Делчев“.

Многу попознат за младите велешани како текстописец на повеќе хитови на македонската музичка легенда Тоше Проески, Неделковски, сподели бројни искуства за авторството, најголем број од нив се однесуваа на пишуваните авторски текстови за песните на Тоше и на останатите македонски пејачи и пејачки како и за авторското право кое што се однесува на напишаните многубројни драматуршки сценарија за телевизиски серии и за театарски претстави. Тоа што велешанка е неговата баба Цвета, по татко му Велко Неделковски, македонски писател, раскажувач, романописец, поет и драматург, Неделковски истакна дека му дава за право да соопшти дека се чувствува како велешанец.

Во 36 годишното авторско искуство, Неделковски, како сестран и познат автор за Дума.мк сподели дека се нашол во многу ситуации на почитување и на не почитување на неговото авторско право и додаде:

Со Огнен Неделковски денеска во Велес на одбележувањето на Светскиот ден на книгата и авторското право, настан организиран од Локалната библиотека, гостуваше и сопругата Соња Алексоска Неделковска, позната македонска новинарка зад која се наоѓа, исто така, огромен број на авторски текстови, интервјуа, колумни и анализи поврзани жанровски за културата каде спаѓа и музиката. Соња Алексоска Неделковска е автор и на книгата „Тоше – ова не е крај“ посветена на прерано загинатата македонската музичка легенда која не само што сподели искуства туку поттикна и мотивираше дискусија, со активно учество како на присутните ученици така и на повозрасните граѓани на темата за авторските права на новинарите, низ конкретни примери од нејзината работа во поранешниот дневен весник „Дневник“ и Македонска телевизија. Во изјава за Дума.мк, Алексоска Неделкова најави снимање на филм, серија и квиз за музички таленти посветени на Тоше Проески:
Во знак на благодарност за двата часа разговор, полни со спомени, искуства, пораки и препораки да се напишат првите текстови, да се стават на хартија емоциите, ликовите и настаните за да станат дел од македонското творештво и никогаш да не се заборават, младата публика ги награди Огнен и Соња со песна. Малку срамежливо додека беа вклучени камерата и фотографските апарати и многу погласно и порелаксирано откако тие беа исклучени.
Убавка Јаневска



