10-та седница на Советот на Општина Велес, советниците ќе расправаат по 34 точки и градоначалникот Колев ќе одговара на прашања

Објавено: 23 април, 2026, во 08:30 часот

Седницата ќе се одржи денеска, четврток, 23 април, во просториите на Општина Велес со почеток во 09:00 часот. На седницата ќе се усвои записник од 9-та седница на Советот на Општина Велес за потоа членовите на Советот да работат по предложениот ред од страна на Претседателот, Даниел Јаневски.

Тој предложи Дневен ред со вкупно 35 точки. Првата е советнички прашања на кои одговара Градоначалникот Марко Колев.

Поточно Советот на Општина Велес денеска ќе расправа за следните предложени точки на дневниот ред:

2. Информација за реализација на паркинг простор на ГП 84 согласно ДУП: за УЕ 1, УБ 10 Велес;

3. Предлог – одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Велес за 2026 година;

4. Предлог – правилник за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување критериуми за доделување финансиски средства од Буџетот на Општина Велес од Програмата на Советот на Општина Велес;

5. Предлог – одлука за субвенционирање на средношколци – матуранти/идни студенти за упис на Tехнолошко-технички факултет Велес,Универзитет „Св.Климент Охридски“-Битола со седиште во Велес;

6. Предлог – правилник за начинот и постапката за организирање и одржување на Фестивалот на велешка пита и вино „ПИТИЈАДА“;

7. Предлог – одлука за формирање на Организациски одбор на Фестивал на велешка пита и вино „ПИТИЈАДА“;

8. Предлог – правилник за начинот и постапката за реализирање на културната манифестација „Рацинови средби“;

9.Предлог –  одлука за изменување на Одлуката за основање на заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство Стационар – Шепа Кавадарци;

10.Предлог – одлука за давање на времено користење на просторија од објект сопственост на Општина Велес;

11. Предлог – одлука за ставање вон сила на Одлуката за давање на трајно користење движнa ствар – машинa за бележење на хоризонтална сигнализација на ЈКП „Дервен” Велес;

12. Предлог – одлука за давање на трајно користење движнa ствар – машинa за бележење на хоризонтална сигнализација на ЈП „Парк – Спорт и Паркинзи” Велес;

13. Предлог – одлука за давање на трајно користење на движни ствари – пластични канти за отпад за домаќинствата во село;

14.Предлог – одлука за определување на дефицитарни занаетчии и занаети во изумирање на подрачјето на Општина Велес;

15.Предлог – одлука за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен сончев термален колектор за 2026 година;

16.Предлог – одлука за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен клима уред за 2026 година;

17.Предлог – одлука за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен велосипед за 2026 година;

18. Предлог – за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Велес за 2026 година;

19. Предлог – програма за дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на Општина Велес;

20. Предлог – одлука за утврдување на Нацрт Измена и дополнување на ГУП за дел од УЕ 1, УБ 7 и УБ 9 и изработка на ДУП за дел од УЕ 1, дел од УБ 9, плански опфат помеѓу ул. „АСНОМ“ (Моша Пијаде), ул. „Алексо Демниевски“ и ул. „Новопланирана улица 1“ Општина Велес (Обединета постапка); 

21.Извештај за работењето и резултати по завршна сметка на ЈКП „Дервен“ Велес во 2025 година; 

22.Предлог – решение за давање согласност на Статутот на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес;

23.Предлог – решение за давање согласност на Годишен план за вработување на ООУ „Стојан Бурчевски – Буридан“ с.Иванковци, Велес за 2027 година;

24.Предлог – решение за давање согласност на Годишен план за вработување на ООМУ „Стефан Гајдов“ Велес за 2027 година;

25.Предлог – решение за давање согласност на Годишен план за вработување на ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес за 2027 година;

26.Предлог – решение за давање согласност на Годишен план за вработување на СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ Велес за 2027 година;

27. Предлог – решение за давање согласност на Измени и дополнување на Годишен план за вработување на ССОУ „Димитрија Чуповски“ за 2026 година;

28. Предлог – решение за давање согласност на Годишен план за вработување на ССОУ „Димитрија Чуповски“ за 2027 година;

29. Предлог – решение за давање согласност за отпис и расходување на основни средства (опрема, ситен инвентар и др.) на ООУ „Рајко Жинзифов“ Г.Оризари;

30. Предлог – решение за давање согласност за отпис и расходување на основни средства неупотребливи учебници на СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ Велес;

31. Извештај за работата на Општинскиот Совет за превенција на детско претстапништво за 2025 година;

32.Предлог – одлука за формирање Општински совет за превенција на детско престапништво;

33.Предлог – решение за престанок на мандат на членови во Советот за јавно здравје за подрачјето на Општина Велес;

34.Предлог – решение за именување членови во Советот за јавно здравје за подрачјето на Општина Велес и

35.Предлог – решение за престанок на мандат на член во Управен одбор на ЈКП „Дервен“ Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.