Четврти случај на коронавирус, заболена директорката на Клиниката за кожни болести

Објавено: 9 март, 2020, во 12:46 часот

koronavirus fin

Директорката на Клниката за кожни болести е четвртиот потврден случај заболен од коронавирусот во земјава. Таа пред една недела допатувала од Италија и изминатите пет дена редовно одела на работа, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Добро е што колешката не била изминатите денови во амбуланта, рече Филипче и изрази огромно разочарување од непочитувањето на препораките од страна на здравствен работник.

– Таа е стабилна и има лесна клиничка слика, додаде Филипче на прес-конференција во Владата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.