Град Скопје ќе дислоцира една од галиите на река Вардар
Објавено: 9 март, 2020, во 13:16 часот
Градоначалникот Петре Шилегов изјави дека една од трите галии во Вардар ќе биде отстранета.
-Започната е постапка за отстранување на првата галија од Вардар. Сопственикот има рок од 30 дена да ја отстрани сам, или Градот тоа ќе го направи на негов трошок.Дислокацијата на овој објект е втор што се отстранува, по споменикот на Ќосето се надевам дека и во иднина ќе се создадат услови за отстранување на други објекти, рече градоначалникот Шилегов.
Оваа галија е во сопственост на Ниче Димовски Македон, шурата на екс градоначалникот Коце Трајановски.


