Пронајдени и одземени, од брачен пар 679 разни видови на пиротехнички средства, во Кавадарци
Објавено на 24 декември, 2024 во 12:33
Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци ги лишиле од слобода 43-годишната Л.Б. и Н.Б.(48), двајцата од Кавадарци.
-При претрес во објект на Градскиот плоштад, кој го користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 679 разни видови на пиротехнички средства. Полицијата ги привела Л.Б. и Н.Б. во Полициска станица Кавадарци, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Стефани Манева