Штети од денешното невреме во велешко, кавадаречко и светиниколско
Објавено: 1 јули, 2026, во 19:14 часот
Според информациите на Центар за управување со кризи, денешното невреме, проследено со силен ветер беше причина за интервенции на Јавно комунално претпријатие „Дервен“ за отстранување паднато дрво кај Ликовниот салон Велес додека Јавно претпријатие „Македонија пат“ интервенирало три пати на автопатот Скопје – Градско поради паднати дрвја како и еднаш на локалниот пат Велес – Градско поради одрон и паднато дрво.
Во Општина Кавадарци, ТППЕ Кавадарци интервенирала на патниот правец Кавадарци – Витачево, каде било отстрането паднато дрво од коловозот.
Во Општина Свети Николе, ТППЕ Свети Николе реализирала една интервенција за испумпување атмосферска вода од простории во с. Ерџелија.
Убавка Јаневска

