Трактор излетал од стрмна улица во Велес, тешко повредениот тракторист пренесен на скопска Клиника за трауматологија
Објавено: 1 јули, 2026, во 14:29 часот
Трактор „имт“ со приколка, со велешки регистарски ознаки, управуван од С.И.(50) од село Бузалково, велешко, вчера доцна попладне, околу 18:30 часот, излетал од улицата „Сараевска“ во Велес и удрил во ѕид од куќа.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, соопштија од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.
Според информации на велешка болница, тешко повредениот пациент, веднаш по пружената здравствена помош и поради тежината на здобиената повреда бил транспортиран на скопските клиники.
-Примениот пациент со здобиена повреда во сообраќајна незгода, на прием бил свесен и се жалел на болки во десната нога и посекотина на главата. Лекарите специјалисти хирурзи по извршен преглед и направени лабараториски како и компјутерски иследувања утврдиле дијагноза на скршеница на десниот глужд и во консултација со специјалист ортопед го упатиле а потоа бил организиран и транспорт до Клиника за трауматологија за понатамошен третман, соопшти д-р Ана Марија Џунџева, портпаролка на Општа болница Велес.
Убавка Јаневска


