Атлетичарот Роберто Димитриевски втор по првата сезона од Македонската Тркачка Лига 2026

Објавено: 25 јуни, 2026, во 10:04 часот

Роберто Димитриевски член на АК „ВЕЛЕС“ од Велес моментално е на второ место на ранг листата на Македонската Тркачка Лига за 2026 година по завршување на првата сезона. Димитриевски, изминатиот викенд, во саботата, во силна конкуренција на учесници од повеќе земји  го освои второто место во трката на 5 километри на „Преспа рун“. Неговото име заедно со имињата на останатите победници на 5 и 10 километри во машка и женска конкуренција ќе биде запишано како едно од првите  победниците на „Преспа рун“ 2026.

Инаку организатор на трката е Здружението на спортски настани „Преспа Хаб Ресен“ со поддршка на Делегација на Европска Унија од програмата „EU for Prespa“ и реализирана од УНДП во партнерство со другите вклучени страни.

Ангела Трајчевска од оваа здружение во изјавата за  Дума.мк оцени дека трката била одлично прифатена од спортисти и рекреативци како од Македонија така и од странство. Таа  додаде дека Димитриевски заедно со останатите врвни атлетичари Григоријан, Димитар и останатите учесници ги мотивирале останатите атлетичари и рекреативци ,   придонеле трката да биде интересна и привлечна за учество додека бројната публика ги бодрела за потоа да ја слави нивната победа и доделувањето на пехарите и наградите на свечената бина.

Инаку трката ја поддржа и градоначалникот на Општина Ресен,Јован Тозиевски  со лично учество на  стартот и со присуство на свеченото доделување на наградите.

Исто така, во име на организаторите Ангела Трајчевска  додаде дека  патеката на „Преспа рун“ била избрана покрај самото езеро што ја прави трката уште попривлечна со цел да се вратат спортистите и рекреативцие во градот кој посакува да го врати туристичкиот потенцијал и повторно да го стави на располагање на домашните и странски туристи.

– По нивните реакции видов дека се воодушевени и сите кои дојдоа како учесници или публика најавија почесто доаѓање во Преспа покрај Преспансктото езеро и да уживаат во неговите убавини и реткости.Воедно да се капат, трчаат или едноставно да рекреираат и уживаат во езерото и околината на езерото и планината Галичица, нагласи Трајчевска.

Роберто Димитриевски за Дума.мк оцени дека трката „Преспа Рун“ била одлично организирана и многу му се допаднало трчањето покрај Преспанското  езеро. Воедно  најави поддршка со учество и вгодина.Тој воедно ги покани и останатите спортисти и рекреативци кој годинава не успеаја, догодина да дојдат  и учествуваат на  „Преспа Рун“ бидејќи трката се бодува во Македонската Тркачка лига.

Исто така Димитриевски, пред две недели, го освои второто место и на трката „Охрид ТрчаТ“ во силна конкуренција на учесници и странски атлетичари.

Да додадеме дека во 2025 година Роберто  Димитриевски беше третопласиран  во првата наптреварувачка година од Македонската Тркачка лига 2025.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.