Први дарувани 31 крвни единици во Станица за трансфузиологија во Велес, лани над 3750 крводарители даруваа крв
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2025/01/крв-1024x683.jpg)
Самоиницијативно дојдоа и даруваа вкупно 31 крводарители денеска крв во Станица за Трансфузиологија во Велес. Влезните врати на оваа државна здравствена институција, која се наоѓа во комплекс на ЈЗУ Општа Болница Велес, се отворени секојдневно за сите хумани луѓе во трите општини Велес, Чашка и Градско.
Лаборантите и лекарите трансфузиолози не го кријат задоволството од веќе создадената навика на бројни граѓани на Велес кои се крводарители и остварените дарувања на најскапоцената течност, крвта, која спасува туѓи животи.
Според податоци на велешки Црвен крст минатата година велешките крводарителите од Чашка и Градско кои во акциите дарувале вкупно над 3750 крвни единици. Во оваа бројка влегуваат и самоиницијативните дарувања во Станицата за трансфузиологија.
-Уште еднаш велешките крводарители, како и во годините гледано наназад така и во 2024 година, потврдија дека се на врвот на најхуманите во земјава,соопшти Орце Николов, секретар на Црвен Крст Велес.
Убавка Јаневска
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)