Коки: „Вие со десет прсти неможете да заработите толку, колку што можат нашите народни избраници…со два!“
На празничниот ден, кога граѓаните и верниците го одбележуваат големиот верски празник Бадник и се во очекување на радосната вест за раѓањето на Исус Христос, од перото на афористичарот Никола Бошковски Коки стигнаа нови десет афоризми за читателите на Дума.мк. Тие гласат:
„Како по некое непишано правило, и на оваа Бадникова вечер во погачата на Владата, паричката пак ќе падне…во тендерите.“
„За да ја покажат својата сила, некои министри се обидуваат да се поистоветат со Сизиф – наместо огромната карпа, започнаа угоре, кон врвот да туркаат…свои луѓе.“
„Вие со десет прсти неможете да заработите толку, колку што можат нашите народни избраници…со два.“
„Работникот не се жали затоа што работата му причинува голема потешкотија и работи како коњ, туку на желбата и обидот на работодавачот, да го јава.“
„Сопругата на еден огрешен со законот политичар, носи лисица околу вратот, а тој две…на рацете.“
„Бракот има некое чудно својство на замрзнувач, со текот на времето ја изладува секоја љубов.“
„Пред почетокот на мечот, тренерот изумил да му предочи на својот боксер, дека правилата дозволуваат и тој да го удира противникот.“
Честит Бадник и Божик,
Вашиот КОКИ