Видео кое ќе ве разнежни: Трубач во Милано свири на труба
Објавено на 16 март, 2020 во 12:39
Италијанците се присилени да бидат во домашна изолација, но тие најдоа начин за кревање на моралот така што излегуваат на своите тераси и пејат. Тоа се случува во бројни градови ширум Италија, а како дел од флеш мобот за своите сограѓани, трубач од Милано Рафаел Кохлер, ја засвире неофицијалната химна.
По изведбата на „O mia bela Madunina“, неофицијалната химна на градот, многумина му ракоплескаа на Кохлер, а видеото воодушеви многумина на социјалните мрежи.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=aXsT6vLkZO8&feature=emb_logo
https://www.youtube.com/watch?v=x_rLw6SCSmE&feature=emb_logo