Спуштените рампи на пруга Велес – Гевгелија на мост „Гемиџии“, утрово, целосно го блокираа сообраќајот во центарот на градот (Видео и Фото)
Објавено на 15 јануари, 2025 во 15:31
По сообраќањето на воз, утрово околу 9:00 часот, не се кренаа спуштените рампи на железничкиот премин на мост „Гемиџии“. Во централното градско подрачје настана метеж. Нервозни возачи ги вклучуваа сирените и во метежот околу кружен тек пред поранешна Стоковна куќа се обидуваа што поскоро да стигнат до железничкиот премин. Така го блокираа приодот кон улиците „Гоце Делчев“, „Страшо Пинџур“ и „8 Септември“. Во метежот се приклучуваа и возилата кои доаѓаа од улица „Благој Ѓорев“. Колоната од возила беше долга се до СОУ „Гимназија Кочо Рацин“.
Се дури не дојдоа полициските службеници и не асистираа со пренасочување на возилата кон „Стар Мост“ сообраќајот во Велес беше целосно парализиран.