За 8 повеќе машки бебиња лани и породени околу 65 отсто мајки кои живеат во населени места, велешка Болница отвора „Соба за доење“ и ќе едуцира трудници
Податоците на Гинеколошко акушерското одделение во ЈЗУ Општа болница Велес, за наталитет во 2024 година говорат дека во Велес и населените места вкупно родени се 280 новороденчиња. Според половата структура машките бебиња се во поголем број поточно 144 додека женски се 136 додека територијална распределба дава податоци дека нив ги родиле 113 мајки кои живеат во град 113 додека 167 се со дом во населени места.
-Во наредниот период Општа болница Велес очекува донации од нова опрема за потребите на одделот за Гинекологија и акушерство кои ќе се состојат од породилен кревет, ЦТГ апарати, вакум екстрактор и останат болнички инвентар, се со цел за унапредување на одделот и подобра здравствена услуга за пациентите. На овој болнички оддел. два пати во месецот, доаѓаат специјалисти акушери – гинеколози од Универзитетска Клиника за Гинекологија и акушерство во Скопје, рече портпаролката др Билјана Босилкова.
Од Општа болница Велес соопштија дека во месец февруари, годинава, со работа ќе започне и „Собата за доење“ која ќе има за цел да ги едуцира и во исто време поттикне идните мајки на доење и ќе се организираат едукативни работилници за трудници.
Убавка Јаневска