Работи Командниот центар на системот „Безбеден град“ на СВР Велес, министерот Тошковски соопшти дека за ден ипол има околу 150 казни (видео)
Објавено: 13 септември, 2026, во 15:52 часот
Од компјутери, дестоп и телевизиски екрани кои ја следат состојбата што ја снимаат сите поставени камери на системот „Безбеден град“ на територијата на Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес е составен Командниот центар. Тој се наоѓа во реконструирана сала на Министерство за одбрана, сега споена со зградата во која се наоѓаат просториите на СВР Велес.
Полициски службеници добиваат слика во реално време и освен регистрираните сообраќајни прекршоци, поголема брзина од дозволената на автомобили, камиони, мотори и моторцикли, исто така на екраните го гледаат и движењето на пешаците. Тие имаат увид во се што се случува како на коловозот така и на тротоарите од улиците.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски соопшти дека за ден ипол регистрирани се околу 150 казни од кои најголем дел се за брзо возење и четири казни за минување на црвено светло на територијата на СВР Велес и додаде:
Тошковски се заблагодари на граѓаните, како што рече, на дисциплината и почитување на сообраќајните знаци и прописи што ја покажале во првите денови на реализација на „Безбеден град“. Исто така, ги соопшти и бројките кои според него значат драстичен број на намалување на сообраќајните несреќи со жртви. Министерот најави усовршување на „Безбеден град“ како систем кои помага во воведување на ред на градскиот асвалт во Македонија.
Убавка Јаневска


