Американката на која се тестираше вакцината за коронавирусот го соопшти искуството

Објавено: 17 март, 2020, во 11:31 часот

amirikanka fin

Џенифер Халер (42) од американскиот град Сиетл е првиот човек на кој е искористена вакцината за коронавирусот.

Тестирањето што се одвива во Институтот за здравствени истражувања е финансиран од Националниот институт за здравство, а официјалните претставници информираат дека ќе бидат потребни до 18 месеци за целосно да се провери дали вакцината е ефикасна.

42-годишната Халер за американските медиуми го сподели ова несекојдневно искуство и чувството како е да се биде првиот пациент на кој се тестира вакцина за коронавирусот:

„Пред неколку недели имаше повик за волонтери за тест на вакцина за коронавирус. Ги пополнив формуларите, ме повикаа и ми направија тестови за целокупното здравје. Се беше во ред. Здрава сум, работам полно работно време и од компанијата имаа разбирање. Горда сум на себе, бидјеќи сите се чувствуваме беспомошно во овој момент и успеав на некој начин да придонесам за борбата.“

На прашањето дали била известена за ризиците и нус ефектите од вакцината, таа вели дека фактот што вакцината не го содржи самиот вирус бил многу битен за неа. Додава дека непознатото „секогаш е тука“, но за неа најбитно било што е дел од процесот на откривање како да му помогне на човештвото.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=F8aueQXQ2H4&feature=emb_logo

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.