По утрешниот состанок со директорот на „Мој Термин“ матичните лекари ќе одлучат дали ќе штрајкуваат на 3 февруари (Видео)

По вчерашниот, едночасовен, предупредувачки штрајк на матичните лекари со коишто се спротивставија на наредбата за верификација на телефонските броеви во „Мој термин“ на сите пациенти во нивните амбуланти, за утре закажана е работна средба со директорот на оваа здравствена платформа во Скопје. Ова го соопшти претседателката на Здружение на приватни лекари на Македонија, д-р Лили Чолакова Дервишова.
Докторката одговара на прашањата на Дума.мк со тоашто вели дека очекува разбирање и корекција на издадената наредба од страна на МојТермин. Др Чолакова Дервишова потенцира дека не само што е дополнителна туку е и голема административна обврска за здравствениот персонал во приватните амбуланти којшто треба да се грижи за квалитетот на издадените здравствени услуги и задоволството на пациентите наспроти се поголемиот број на административни обврски.
Здружението на приватни лекари на Македонија, по утрешниот состанок и секако епилогот од него, ќе донесе одлука дали во понеделник, на 3 март, ќе работат или ќе штрајкуваат, што секако не е прифатливо решение како за нив така и за пациентите од кои бараат разбирање.
Убавка Јаневска
