Сечеле огревно дрво на воен полигон Криволак за што завршиле во полиција
Објавено на 10 март, 2025 во 17:24

Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино ги лишиле од слобода Н.Н.(21), Ф.М.(21) и С.А.(25), сите од село Криволак, неготинско, вчера, откако биле забележани како на воениот полигон Криволак со моторна пила сечеле дрвја.
-Лицата Ф.М. и С.А. побегнале, а Н.Н. бил фатен и од него биле одземени дрвата и моторна пила, по што бил приведен во полициска станица. Набргу, по преземени мерки, биле пронајдени и приведени Ф.М. и С.А,“ соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Според полицијата, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање на настанот против тројцата приведени жители на село Криволак ќе биде поднесена соодветна пријава.
Убавка Јаневска
