(видео) Д-р Марина Костадиновска Крстевска: Избегнувајте брза храна, дебелината кај децата е хронична болест

Објавено на 7 април, 2025 во 15:22

Детската дебелина или обезитетот кај децата, станува сѐ посериозен здравствен проблем на глобално, но и на локално ниво. Прекумерна телесна тежина кај децата предизвикана од зголемено количество на масно ткиво, може да има сериозни последици врз здравјето и развојот на детето. На оваа тема денеска се одржа и настан во Јуроп Хаус Велес кадешто преку презентација и примери им беа соопштени основните информации на граѓаните околу обезнитетот.

Д-р Марина Костадиновска Крстевска од клиниката за детски болести, на денешниот настан во Јуроп Хаус Велес, пред присутните велешани објасни дека дебелината кај деца е прогласена како хронична болест која предизвикува како физички така и психички нарушувања кај децата.

Презентирајќи д-р Костадиновска Крстевска напомена дека во Македонија од 2018 до 2022 година било направено четири годишно испитување во коешто биле регрутирани 119 обезни деца и адолесценти во тој период на Клиниката за Детски болести. Средната возраст на децата била 11,2 години, додека средната вредност на БМИ изнесувала 31,7 и со тоа метаболички здрави биле само 7,4% од децата.

Присутни на денешниот настан беа директорот на велешката болница, главната медицинска сестра, медицински персонал, матични лекари, пензионирани лекари и како и вработени од лабараторија, но сепак најголемиот фокус се стави на присутните ученици од ООУ „Панко Брашнаров“ кои заедно со својата класна раководителка внимателно ја следеа презентацијата.

Инаку настанот во Јуроп Хаус Велес беше организиран од страна на ЈЗУ Општа болница Велес по повод светскиот ден на здравјето.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.