Се намали бројот на „шетачи“ за време на полициски час на територија на СВР Велес
31.03.2020
Секторот за внатрешни работи Велес,поради не почитување на воведениот полициски час, ноќеска привел тројца граѓани во Велес, пет граѓани во Кавадарци или вкупно осум граѓани. Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во времетраење на полицискиот час нема „шетачи“ само во Неготино.
Според податоците на СВР Велес заклучно со денешниот ден, 31 март, во Велес во самоизолација се 122 граѓани, во Каварадци бројката изнесува 127 и во Неготино 104 или вкупно 353 граѓани.
Во споредба со изминатиот викенд бројката на непочитувачи на полицискиот час и забраната за движење е помала. Во двата дена, саботата 29 и неделата 30 март, во полициската станица во Велес биле приведени 12 граѓани, фатени на улица, во Кавадарци 1 и во Неготино 15 или вкупно 28 граѓани.
Изминатиот викенд статистиката на СВР Велес покажува дека во самоизолација од „Ковид 19“, на територијата што ја покрива овој Сектор за внатрешни работи, биле вкупно 353 граѓани. По градови податоците се следни: 125 граѓани во Велес, 129 во Кавадарци и 37 во Неготино./У.Ј